Балетската претстава „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски вечерва и на 21 ноември ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет.

Диригент на претставите е Бисера Чадловска, а кореограф е Виктор Јаременко од Украина. Асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн Милчо Александров, концерт-мајстор Јане Бакевски, соло виолина: Климент Тодороски.

Во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Аманда Роча (Бразил), Ангела Велевска.

Во главните улоги на 21 ноември ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Наташа Трендафилова Гицев, Ангела Богатинова.

Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.