На средбата со министерката за култура на 5 април, дел од барањата беа прифатени и наши претставници од иницијативата се во редовна комуникација и соработка со Министерството за култура, со цел спроведување и применување на барањата во пракса. Во меѓувреме станавме сведоци на неколку јавни огласи за вработувања во неколку национални установи, но никако да посведочиме на целосно транспарентно споделување на огласите“, велат од иницијативата „Аудиција сега“, покрената од повеќе од 120 невработени актери, режисери, драматурзи и продуценти
„Ангажирање на минимум еден невработен актер во секоја претстава и минимум еден невработен режисер за некоја од претставите од годишната програма, како и објавување на секој конкурс за вработување на веб-страницата на институцијата“, се барањата кои иницијативата „Аудиција сега“, покрената од 120 невработени актери, режисери, драматурзи и продуценти, преку отворено писмо ги упати до директорите на националните установи, центри за култура и театри. Од „Аудиција сега“ посочуваат дека стојат и на своето претходно барање за отворање на нови работни места.
„На Светскиот ден на театарот, 27 март, иницијативата првпат јавно се обрати до Министерството за култура со пет барања чија цел беше да се изнајде решение за нашиот статус и бројка на невработеност; остварување на редовен и еднаков пристап до ангажмани; повисоки буџети за независната сцена, како и потранспарентно работење на националните установи при вработувања, спроведувања аудиции итн. На средбата со министерката за култура на 5 април, дел од барањата беа прифатени и наши претставници од иницијативата се во редовна комуникација и соработка со Министерството за култура, со цел спроведување и применување на барањата во пракса. Во меѓувреме, станавме сведоци на неколку јавни огласи за вработувања во неколку национални установи, но никако да посведочиме на целосно транспарентно споделување на огласите“, велат од иницијативата „Аудиција сега“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.