Впуштете се во волшебниот свет на „Алхемија на дивината“, со мултимедијалниот и локациски специфичен перформанс, кој ќе ги трансформира патеките на живописното Вевчани и Вевчанските извори на 26 и 27 јуни.
Ова уникатно искуство е дело на заеднички процес кој ги спојува талентите на уметниците и изведувачите од различни уметнички области.
Премиерата е на 26 јуни во среда во 19:00 часот, а втората изведба на 27 ми во четврток во 12:00 часот. Истиот ден ќе има и трета изведба во 19:00 часот.
Бројот на посетители е ограничен.
Додека го истражувате Вевчани и Вевчанските извори, околу вас ќе се создаваат магични приказни од алтернативни реалности. Нурнете во овие наративи на еден час, за време на настапот во живо, или препуштете се на една подолга авантура која ветува трансформативно патување.„Алхемија на дивината“ ве предизвикува да размислувате за природата на времето, конечноста и постоењето, поттикнувајќи интроспекција за тоа како сме живееле и како живееме, како се менуваме и како комуницираме. Ова искуство ќе ве поведе на лично патување за откривање на она што е навистина важно во вашиот живот. Кои акции е потребно да ги откриеме, или реоткриеме, притоа избирајќи ги според приориетот на важноста.Изведбата ја доловува суштината на животните трансформации, набљудувајќи го ритуалот на промена од најмалата клетка до најдалечните ѕвезди. Преку волшебните приказни, хипнотизирачкиот танц, евокативната музика и шепотењата на распеаните дрвја, ќе бидете обвиени во сетилно искуство како никогаш досега.Посетете го Вевчани, место каде што природата и перформансот се спојуваат за да создадат магично, незаборавно искуство и дозволете „Алхемија на дивината“ да ве води на патување на себеоткривање и трансформација. Придружете ни се во славењето на магијата на Вевчанската природа и културно наследствона и убавината на уметничката соработка” порачуваат организаторите.
Користејќи ги уметноста на звукот и изведбата, перформансот создава ритуален простор кој ги предизвикува моменталните емоции и општеството додека ја истражува медитативната интроспекција. Исто така, се осврнува на конфликтот помеѓу ритуалот и капиталистичката потрошувачка логика поврзувајќи ги архетипските и вредностите на предците со современиот контекст.
Ова уникатно искуство поттикнува критичко размислување, само-рефлексија и развивање, обезбедувајќи простор за трансформација. Преку звук, гест и моќни изведби, уметниците имаат за цел да ја пренесат публиката во еден поинаков свет, кој истовремено е древен и модерен, возвишен и трансформативен.
Уметници – ментори: Јелена Вуксанович, Алесандро Ола, Атила Антал, Вишња Жугич и Јасмина БилаловиќИзведувачки уметници: Риџет Ферати, Надја Лукановска, Симона Димковска, Јасмина Василева, Ива Дамјановски, Тереза Лазарев, Теодора Ежовска, Виктор Танасковски, Кристијан Караџовски и Маја Стајнберг.
Проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА-имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, се реализира со финансиска поддршка на Швајцарска Амбасада и Министерството за култура на Република Македонија и локалните партнери за имплементација: КСП Центар – ЈАДРО, КУД ,,Дримкол“ Вевчани, Општина Вевчани и Комунално препријатие „Еремија“, Вевчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.