„Алхемија на дивината” е мултимедијален, локациски специфичен перформанс кој ќе се изведува на различни локации на Вевчанските извори, во Вевчани, на 26 и 27 јуни 2024.
Впуштете се во волшебниот свет на „Алхемија на дивината”, мултимедијален и локациски специфичен перфоманс, кој ќе ги трансформира патеките на живописното Вевчани и Вевчанските извори. Ова уникатно искуство е дело на заеднички процес кој ги спојува талентите на уметници-изведувачи од различни уметнички области. Оваа изведба е дел од проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА – имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, Охрид.
Во рамките на овој проект, во март и мај беа реализирани две серии работилници со наслов „Ритуалот во современото општество”. Овие работилници наменети за професионални уметници од различни дисциплини (актери, танчери, вокални изведувачи и музичари, ликовни уметници) вклучуваа длабок истражувачи процес за т.н. обични, секојдневни ритуали и рутини, кои добиваат нова форма и значење и ритуални простори, односно истражување како просторот и сетилните искуства влијаат на ритуалот.
Како продолжение и заокружување на овој процес, последната серија работилници од овој циклус и изведбата на перформансот „Алхемија на дивината” ќе се оствари во живописното Вевчани.
Како уметници-ментори се појавуваат: Алесандро Ола, Јелена Вуксанович, Атила Антал, Вишња Жугич и Јасмина Билаловиќ, а како изведувачки уметници: Риџет Ферати, Надја Лукановска, Симона Димковска, Ива Дамјановски, Тереза Лазарев, Теодора Ежовска, Виктор Танасковски, Кристијан Караџовски и Маја Стајнберг.
Време на изведбите:
– 1ва изведба (премиера): 26.06.2024 (среда), 19:00
– 2ра изведба: 27.06.2024 (четврток), 12:00
– 3та изведба: 27.06.2024 (четврток), 19:00
Бројот на посетители е ограничен, но можете да го резервирате своето место на една од трите изведби со испраќање на меил на следнава адреса: [email protected] и ќе добиете потврда од организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.