Голема чест е и големо задоволство да се биде повторно тука. Охрид е за мене едно од најзначајните места на македонската култура, секогаш сум подготвен да дојдам и многу ми значи што претставата ќе се игра овде вечерва, рече на денешната прес конференција Александар Поповски, режисер на претставата „Алиса во земја на стравовите“ со која денеска се затвора 64. издание на Фестивалот „Охридско лето“.

Би сакал да кажам дека оваа претстава е настаната по ковид пандемијата зборувајќи со помладата генерација се почесто се користеше зборот „страв“-страв од една работа, страв од друга…страв од светот околу нив, една инхибиција на стравот. Разговарајќи со драматургот од Словенија со која соработувам дојдовме на идеја дека би било добро за една цела генерација која влегува во еден свет ваков каков што е, да се напише еден текст кој ќе биде инспириран од Алиса, но не во земјата на чудата, туку во земјата на стравовите. Затоа што, за мојата генерација постоеше страв, но не на тој начин на кој оваа нова генерација го добива од сите страни. Особено за работи како што се успех или неуспех во животот. Ние за тоа малку размислувавме, ние само сакавме да работиме. Настана еден многу интересен текст, а Југословенско драмско позориште е некако моја куќа и таму секогаш со големо задоволство се враќам и ми се чинеше дека тоа е токму просторот каде што може да се направи една ваква претстава, рече Поповски.

Поповски ги претстави актерите кои учествуват во претставата велејќи дека имале прекрасна соработка со оглед на тоа дека станува збор за една мошне комплексна претстава.

Тоа е едно патување низ потсвеста на една млада девојка која се сретнува со сите прашања, од вработување, успешност, љубов…и од нешто што за мене е трагедија, условно речено за младите луѓе, а тоа е што ако на 35 години не си успешен тогаш е готово со тебе. Ако не направиш нешто до 35 години ваќе не те бидува. Јас на 32 години уште немав завршено факултет. Тогаш времето се мереше на поинаков начин. Имавме време.  Денеска децава ги учиме-нема време.Им го слратуваме времето и мислам дека тој феномен на притисок е многу интересна тема и мислам дека успеавме да ја раскажеме приказната за растегливост на времето, истакна Поповски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.