Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“, во  согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/0654/0774/1299/18 и „Службен весник на РСМ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе Одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ во 2022 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Македонија.

За остварувања на луѓе во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Македонија, наградата му се доделува на проф. д-р Зеќирја Незири, албанолог, стои во одлуката на Одборот за доделување на наградата.

Наградата ќе му биде врачена на добитникот на 22 ноември 2022 година (вторник) во 12 часот во Собранието на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.