Денеска напладне на албанологот проф. д-р Зеќирја Незири, кој е годинешен добитник на наградата „22 Ноември“ за придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Македонија, ќе му биде врачена наградата.

Доделувањето на државната награда „22 Ноември“ за 2022 година, за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Македонија, ќе се одржи во Собранието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.