Горан Стојаноски, познат по своите улоги како инспектор Томе, Џемо Биљбиљ и други, со решение на министерот за културa е назначен за нов директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид.

Стојаноски е роден на 2.9.1969 година во Охрид. Тој е дипломиран актер, завршил високо образование на Факултетот за драмски уметности во Скопје и зад себе има  15 години активна работа во полето на културата во Македонија и надвор. Бил уметнички директор и директор на НУЦК „Григор Прличев” – Охрид.

Постојано активен на театарската сцена, глуми во многу претстави и е главен и претпознатлив актер во многу емисии.
Негов приоритет е организациски културен менаџмент, промоција на театарот, Охрид и Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.