Продукцијата Банана филм Скопје се уште нема доставено финален извештај за потрошени буџетски средства во износ од 900.000 евра за филмот „Мајки“ и спорните уплати на сопствена компанија од САД во износ од 85.000 евра за филмот „Врба“.
Агенцијата за филм ги охрабрува надлежните институции да постапат согласно нивните ингеренции, во со закон предвидена постапка, да се проверат наводите по сите поднесени кривични пријави, со единствена цел утврдување на фактичката состојба и заштита на буџетски средства, јавниот интерес и угледот на Агенцијата за филм.
Поднесените кривични пријави од страна на продукцијата Банана филм Скопје, кон членовите на Управниот одбор и финансискиот советник на Агенцијата за филм, ги сметаме за притисок врз јавноста и врз институциите во период додека се во тек соодветни постапки пред Јавното обвинителство на РСМ и пред Управата за финансиска полиција по поднесените пријави против продукцијата Банана филм ДООЕЛ Скопје, се вели во соопштението на Агенцијата.
Управниот одбор на Агенцијата за филм и Агенцијата за филм на РСМ категорично ги отфрлаат како неточни, паушални и неосновани наводите во поднесените кривични пријави од Банана филм Скопје.
Продуцентската куќа на режисерот Милчо Манчевски „Банана филм“ поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм Бранко Петровски, претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ, а најавува уште кривични пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.