Од викендов до утре 6 септември во Трпејца се одржува петтото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2022“.
На колонијата творат уметниците: Мајкал Клос од Канада. Владисав Богичевиќ од Ниш – Србија, Петрит Лараку од Поградец – Албанија и Наташа Попоска – Карче, Хава Реџепи, Елена Ѓурѓиноска и Ѓоко Симјаноски од Охрид.
Сликарите творат во дворот и околината на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со ученците и со мештаните.
Организатор на колонијата е Здружението „За Трпејца со љубов“ а покровител е Општина Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.