И оваа година 15 студенти од тренинг-програмата за графички дизајн по втор пат одговорија на предизвикот да ја визуелизираат едноставната љубов кон трчањето и да ги инспирираат љубителите на предизвици да се вклучат на овогодинешниот Трчај Бе.

Со внимателно смислена креативна кампања, потенцирајќи го духот на градот Битола студентите направија успешен спој помеѓу наученото и идејата за „Трчај бе“.  Секој на свој уникатен начин си најде место во оваа убава приказна, велат од програмата.

Многу сме задоволни од овогодинешниот импакт кој го постигнаа студентите со дизјните за Трчај Бе. Синергијата помеѓу Monday Learning и Трчај Бе е неверојатна и затоа креативните идеи лесно навираат. Драго ни е што студентите работеа на една толку креативна кампања, каде максимално ги употребија сите алатки научени за време на програмата за графички дизајн. После само 3 месеци интензивен тренинг, решенијата за кампањата се навистина на напредно ниво и покажуваат дека и тоа како има голем креативен потенцијал во идните графички дизајнери. На вчерашната изложба која се случи во Центарот за култура – Битола сведоци бевме на позитивните реакции и за одличниот резултатот кој го имаше целата кампања. Мотивирани сме се повеќе на ваков начин да влијаеме врз културата на градот и да дадеме поттик што е можно повеќе луѓе да се приклучат на иницијативата – вели Николина Цветановска од тренинг-центарот.

Трката „Трчај бе“ годинава се одржa на 4 септември и воедно е  и Национално првенство во полумаратон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.