“ФЕСТИВАЛОТ НА КНИГАТА”, кој започна на 7. септември, а ќе трае до понеделник, 12. септември се отвори во една поинаква и убава атмосфера. Фестивалот е на отворено, издавачите се сместени во штандови под шатори, целото светло навечер е со амбиентални сијалички. Предвидено е катче за читање, а за посетителите има и кафе бар и мексиканска храна каде можат да се релаксираат.
“Скопје чита!” е мотото на фестивалот и секако се очекуваат посетители во што е можно поголем број да дојдат и да си купат книга. Присутни се најголемите и најважните 30-тина домашни издавачки куќи, со многу интересни изданија и атрактивни понуди. Фестивалот претставува своевидно продолжување на традиционалниот пролетен Саем на книгата, но овој пат на отворено, проследено со музичка програма со DJ Џон Антонио и DJ Брус во попладневните часови.
Фестивалот се наоѓа на отворениот простор во комплексот на СЦ Борис Трајковски (поранешен картинг). Работно време на фестивалот e од 10:00 до 20:30 часот. Билетите ќе може да се набават на билетарите пред влезот и чинат 50 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.