Изложбата „Човек се троши неусетно“ ќе биде отворена вечерва во 18 часот во галерија „Метаноја“ на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје.

Сликите се циклус на автопортрети на Попов 

Со оваа збирка автопортрети и песни Тони Попов решил да престане да бега и да се фати во костец со сопствената кршливост. Резултатот е безброј скршени парчиња, но и храбро градење мозаик од нив. Тони е безобѕирно суров и треперливо сочувствителен со феноменот човек. Не сака да скрие ништо од грдото, од тешкото, од очајното и не сака да се откаже од убавото, од возвишеното, од надежното. Добредојдовте во магичниот реализам на Тони Попов. Тони знае дека има магија и на сите ни е потребно нејзино разбивање. Исто така, Тони знае дека има уште подлабока магија и на сите ни треба нејзиниот алхемиски лек, пишува во рецензијата Коста Милков.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.