17- тото издание на АКТО ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ започнува денес и ќе се одвива во наредните три месеци под тематиката СОВРЕМЕНИ (НЕ)ДЕМОКРАТИИ II: ГРИЖАТА И ЗАЕДНИЧКИТЕ ПРОСТОРИ со повеќе настани во Скопје.

Во 2021 и 2022 година АКТО се трансформира во неколкумесечна фестивалска платформа со двогодишна истражувачка тематика – современи (не)демократии. Идејата на АКТО е да прерасне од активна сцена на презентација во фестивалска платформа за продукција и едукација во областа на современата уметност преку уметнички истражувачки практики.

Денес, 30.09.2022 година (петок), со почеток од 17:30 часот до 19:00 часот, во дворот на Архитектонски факултет – Скопје ќе се изведе перформативната интервенција АКТО АКЦИЈА: ДА СЕ ПИШУВА ЗА ГРАДОТ! Станува збор за сајт специфик перформативна интервенција како резултат од работата на тридневната работилница предводена од Филип Јовановски (Скопје) , Миодраг Куч (Берлин) и Борис Бакал (Загреб) во рамки на проектот работилница „Траги на скопскиот брутализам“ поддржана од ЕУ академската програма КОСТ и акцијата „Пишување урбани простори. Нови наративи за европскиот град“ (28-30.09.2022) и Архитектонски факултет Скопје.

По овој настан следуваат уште неколку настани во октомври и ноември 2022 година, интернационална изложба и симпозиум „На чија страна си? За неврзаната деколонијална констелација“ курирана од Ивана Васева и Бојана Пишкур во соработка со Модерна галерија + Музеј на современа уметност Метелкова Љубљана, перформанс „Изгубени модернистички утопии“ на Филип Јовановски во соработка со ZK/U-Берлин, Фрлачи на сенки –Загреб, Архитектонски факултет Скопје, промоција на публикација „АКТО зборува 2006-2020“ со интернационални гости и програма од перформанси и друго, што дополнително ќе биде објавено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.