Дванаесет збирки поезија од 75 пристигнати, се избрани во потесна селекција за 7. награда „Антево перо“. На Конкурсот пристигнаа 75 поетски збирки кои имаат разноликост, креативност и особена автентичност и уникатност во поетскиот израз од автори од Италија, Австралија, Србија, Германија, Грција, Канада и од Македонија.
Она што е особено значајна придобивка и на што сме многу горди и среќни е тоа што наградата „Антево перо“ и името и творештвото на Анте Поповски оваа година беа провокација учество да земат и автори од албанската, ромската и другите етнички заедници што е за поздравување, велат организаторите.
Жири-комисијата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, претседател, д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски, членови, ги издвоија следните стихозбирки (редоследот е според нивното пристигнување на електронската адреса):
На конкурсот, пак за „Антево перо“ за најдобра необјавена стихозбирка на македонски јазик, издвоени се следните 12 поетски збирки кои се во поширок избор за наградата „Антево перо“:
1.Тони Попов – „Ми се чини дека некаде слушнав дете“,
2.Борче Грозданов – „Акростихови“,
3.Шифра: И камен и цвет – „На каменот“,
4. Пепи Стамков – „Собрани остатоци од светот“,
5. Ирена Бабамова Стојчева – „Сивка: геометрија на болката“,
6. Сашо Димоски – „Музеј на заборавот“,
7.Елизабета Тодороска – „Збирка“,
8.Даниела Андоновска Трајковска – „Царски рез на небото“,
9. Шифра: Цреша – „Скршена тишина“,
10.Шифра: Суштина – Анатомија на скриената болка“,
11.Агрон Усеини – „Каде што се раѓаат сенките“
12.Емилија Матаничкова – „Парченца Македоноверзум“.
Единаесет збирки поезија се во поширок избор за наградата „Антев часовник“. Младите автори со своите поетски квалитети создадоа мошне силна и голема конкуренција, истакна жирито на фестивалот.
1.Бунјамил Мефаил – „Бодликави мисли“,
2.Софија Тодороска – „Птиците заминуваат на исток“,
3.Ива Пуовиќ – „Полет“,
4.Емануела Ковачевска Китановска – „Преписки“,
5.Мартина Костадиноска – „Пијавици“,
6.Нино Наумовски – „Индиго солзи“,
7.Матеја Талеска – „Патот на соништата“,
8.Марија Филоска – „Зад пердето на јазикот“,
9.Дарио Постоловски – „Заемно проникнување“,
10.Евгенија Узунова – „Потрага“
11.Стефан Спасовски – „Ќумур смоквин млеч“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.