Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба изјави дека ќе биде испратен „многу јасен сигнал“ до рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари, на годишнината од рускиот напад врз Украина.

Кулеба, одговарајќи на прашањето за акциите за поддршка на Украина до 24 февруари, рече дека ќе има различни настани во ОН, во Киев и во многу светски метрополи и оти тоа ќе испрати многу јасен сигнал до Путин дека сериозно греши ако игра на исцрпеност и смета дека времето е на негова страна, бидејќи единството со Украина расте секој ден.

Кулеба оцени дека е многу важно што американскиот претседател Џозеф Бајден ќе ја посети Полска од 20 до 22 февруари, но додаде дека не се работи само за таа посета, туку за неколку настани во различни градови, чиј ефект ќе биде кумулативен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.