Директорот на МЦМС Александар Кржаловски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа истакна дека во Македонија не постои одговорност, односно тоа што се ветува на избори не се реализира и обратно.

Во случајот со Уставните измени или тоа што го прифатија Францускиот предлог, ништо од тоа не стои во нивната програма. Напротив во кампањата кога веќе беше јасно бугарското вето беше ветувано нешто сосема друго, за на крај да завршиме како во случајот со Грција, со прифаќање на позициите на другата страна прилично во целост. Проблемот со функционирањето на демократијата кај нас е во голема меркатоа што не се почитува тоа што си го говорел на изборите за кое си добил легитимитет да го спроведеш тоа кое што си го ветил, истакна Кржаловски.

Тој посочи дека попуштањето под притисокот на другата земја се прикажува како лидерство и преземање на големи чекори. Во однос на работните групи, Кржаловски рече дека таквите активности би биле целисходни на почетокот на јули минатата година кога требаше да се постигне националниот консензус по прашањето на тн Француски договор.

Ако веќе се одеше кон одлука да се прифати договорот мораше да се качи на бродот и опозицијата. Владата сега не може да го испорача тоа што го прифати тогаш. Наместо да го исполнат тоа, Пендаровски од Мадрид посочи дека ќе се отворат широки консултации, ама веќе на првата средба го заземаа ставот дека ќе се прифати тоа и побараа сите да го прифатиме. Широките консултации од прилика тука завршија, рече Кржаловски и дополни- работните групи нема да се состават во полн состав со опозицијата и тогаш тие се прилично беспредметни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.