Премиерот Димитар Ковачевски днеска во Маврово – Ростуше ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на 65 години од пуштањето во употреба на хидро системот Вруток, а потоа ќе направи увид на рехабилитација на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница и ќе го посети манастирот „Свети Јован Бигорски“, соопшти владината прес-служба.
Ковачевски ќе биде придружуван од министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.