По осум часа малтретирање на аеродромот Ѓоковиќ беше однесен во озлогласениот хотел за притвор за баратели на азил. Пред вратата од собата каде што се наоѓа, дежураат двајца полицајци кои треба да се грижат Ѓоковиќ да не излезе од просторијата.

Ѓоковиќ, кој е означен како опасна личност која може да го пренесе корона вирусот, парадоксално, е сместен во зграда позната како жариште на корона.
Се користеше и како хотел за карантин а за време на вториот бран во Мелбурн, повеќето од заразените беа од тој хотел.

Пред хотелот дежураат фанови на Ноле и му даваат поддршка да издржи. Австралиските власти дури одбија свештеник на МПЦ да го посети за Божик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.