„Денес овој предлог за реконструкција на Владата и со овој чин за насилно влегување на Алијанса за Албанците во Владата не значи ништо друго освен дека СДСМ и нивниот претседател Ковачевски се силно уценети од нивно поголемите коалициони партнери односно Али Ахмети и ДУИ“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Зоранчо Јованчев на денешната собраниска седница.

„Вие господа од СДСМ го направивте Собранието „Зелен пазар“ никогаш овој дом не бил повеќе понижен како што е сега. Треба да расправаме за идеи, решенија и проекти, а ние како и пред неколку месеци кога се бираше Владата на донесениот без легитимитет од народот Ковачевски, така и денес се обидувате да ја замајувате јавноста со реконструкции под мотото европска коалиција“, рече Јованчев.

Јованчев додаде дека се гледа не дело како власта ќе ја носи Македонија во Европа, а тоа е со поделба на тендери. Електричната енергија за СДСМ, а нафтата и нафтените деривати за ДУИ.

И денес да ги решиме сите билатерални прашања што ги имаме со нашите соседи, ние во Европа нема да влеземе со оваа корумпирана номенклатура на власт, затоа што на Европа потребни и се земји членки со средени реформи со не корумпирано судство и со политичари без концесии и затоа во Европа нема да влеземе се додека седиштето на Владата е на улица „Илинденска“ а далечинскиот управувач се наоѓа во Мала Речица“, вели Јованчев.

Јованчев посочи дека доколку со овие поранешни министри судството и правниот систем се со доверба под 3% односно 2%, тогаш со новите министри ќе немаме никаков систем. Ќе владее беззаконието, безредието, корупцијата и партизацијата на целокупните правосудни органи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.