Февруарските пензии ќе бидат подготвени за готовинска исплата во четири групи во периодот од од 24 февруари 2022 година до 1 март 2022 година, а средствата за пензиите преку банкомати и трговска мрежа да бидат достапни од 24 февруари 2022 година.

Готовинската исплата на пензиите ќе се спроведе во четири групи (во четири денови) во сите отворени филијали и експозитури на банките.

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 24 февруари (четврток)

За пензии со висина 11.001-14.000 денари на 25 февруари (петок)

За пензии со висина 14.001-18.000 денари на 28 февруари (понеделник)

За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 1 март (вторник)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.