Светата Столица денеска ќе одржи прес-конференција фокусирана на духовните искуства на аџиите во Меѓугорје, во Босна и Херцеговина.

Кардинал Виктор Мануел Фернандез, префект на Дикастериумот за наука на верата, монс. Армандо Матео, секретар на доктриналната секција на истиот Дикастериум, и Андреа Торниели, уреднички директор на Дикастериумот за комуникација, ќе се обратат на јавноста, пренесува порталот Кликс.

Иако не се објавени дополнителни детали за настанот, прес-конференцијата се одржува во контекст на новите „Норми за постапување во распознавање на наводни натприродни појави“, кои Дикастериумот ги објави во мај.

Наводните Маријански појави во Меѓугорје започнаа на 24 јуни 1981 година, при што шест деца тврдат дека се приматели на Богородични пораки, од кои тројца изјавија дека и понатаму примаат пораки секој ден.

Во 2014 година, Конгрегацијата за наука на верата поднесе извештај по наредба на папата Франциск, кој во 2017 година изјави дека првичните појави треба да бидат понатамошно истражени, додека наводните тековни појави предизвикуваат сомнежи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.