На 14.11.2024 во 17.20 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода Н.А.(44), постапувајќи по претходна пријава од 20-годишник од истото село дека во мај 2024 година тој и неговиот татко биле измамени од Н.А. за сума од 5.000 евра.
Според пријавеното, тој им ги побарал парите за да им посредува за издавање странски документи, а откако им биле издадени било констатирано дека се фалсификувани.
Со судска наредба, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле претрес во домот на Н.А., при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.