Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Оскар Минамбрес со години продава тутун за да заработи пари за да го прехрани своето семејство.

Минамбрес беше големата надеж на моќниот Реал. Ја помина младинската школа на кралскиот клуб и во ерата на славните „Галактикос“ во 2002 година дебитираше за првиот тим. Соблекувалната ја делеше со ѕвезди како Роналдо, Зинедин Зидан, Луис Фиго, Дејвид Бекам, Раул, Роберт Карлос… За жал, бројните проблеми со повредите го спречија да направи сериозна кариера и финансиски да се обезбеди до крајот на животот.

Шпанскиот фудбалер, кој играше на позицијата десен бек, имаше петгодишен договор со Реал, а настапи на вкупно 42 натпревар а потоа го. позајми на Еспањол, но и таму немаше среќа. Тој се здоби со тешка повреда на коленото и мораше да паузира повеќе од една година. По враќањето во Реал не доби шанса, па по истекот на договорот замина во Херкулес. Практично по првиот тренинг повторно почувствува болка во коленото, по што следеше брз раскин на договорот и неславен крај на кариерата на 26 години.

Оскар денес има 41 година и е принуден да продава тутун за да преживее.

Морав да се грижам за семејството, тоа е најважно“, вели поранешниот фудбалер на Реал Мадрид кој сега работи на киоскот со сопругата.

„Никогаш не сум бил пушач, не ја сакам работата што ја работам, но што е што е. Тоа не е остварување на сонот, но ниту фудбалот не е се во животот. Штета е што мојата кариера заврши предвреме, се чувствувам како да можам да играм долго, долго“, вели Оскар, кој со Реал го освои трофејот во Лигата на шампионите во 2002 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.