Ажурираните вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат и од варијантата Омикрон, веќе пристигнале во Грција, а в понеделник ќе бидат објавени детали околу почетокот на процесот на имунизација со новите вакцини, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека в понеделник ќе се одржи вонредна прес конференција за планот за вакцинација, односно за денот кога ќе започне како и за упатствата на Националната комисија за имунизација.
На почетокот на април годинава во Грција започна вакцинацијата со четврта доза за граѓаните над 60-годишна возраст, а кон крајот на јуни се отвори можноста и за помладите, односно за сите над 30 години, доколку сакаат да ја примат втората бустер доза. ср/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.