Русија утрово изврши уште еден масовен ракетен напад врз Украина, а експлозии се пријавени во Киев, Винитсија, Дњепар и Миколаев, јави „Киев Пост“.

Според првичните извештаи, експлозиите се од украинската противвоздушна одбрана, а не од руски ракети кои погодиле цели.

Системите за воздушна одбрана на Украина утрово соборија неодреден број руски ракети во четвртокот, информира претходно на Телеграм шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

Противвоздушната одбрана била активна и во јужните региони на земјата вклучувајќи ја и Одеса.

Предупредувањата за воздушен напад, кои почнаа околу 7:45 часот по киевско време, во моментов сè уште се во сила низ целата земја.

Денешниот напад доаѓа по непроспиената ноќ за многумина во Украина, бидејќи Русија во текот на ноќта лансираше бран ирански дронови камикази врз повеќе градови вклучувајќи го и Киев. Украинската воздушна одбрана ги собори сите 24, потсетува весникот.

Последниот голем ракетен напад на Русија врз Украина беше во саботата на 14 јануари, во кој ракета погоди станбена зграда во Дњепар, при што загинаа најмалку 46 луѓе



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.