Дефинитивно да се чуваат пари дома е лоша опција! Поради инфлацијата парите губат на вредност, а тука е и ризикот од кражба. Во такви услови се наметнува вечното прашање каде и во што да се инвестираат слободните финансиски средства?

Кои се најдобрите расположливи можности?

Исклучително високите цени по метар квадратен, навистина делуваат демотивирачки за инвестиции во недвижен имот. Да речеме сме инвестирале во недвижен имот, и станот го издаваме. Која е сигурноста дека тој постојано ќе биде издаден? Дека ќе имаме „домаќински настроени“ кираџии? Но, ако сепак веќе сме цврсто решени за стан, кредит од УНИБанка секогаш е одлична опција.

Втора добра опција се акции. Секогаш се атрактивни акциите на македонските банки или големите компании, бидејќи цената е горе-доле стабилна.

Во последно време, се повеќе се наметнува трета опција, а тоа се штедните влогови. Каматите навистина се поволни и претставуваат атрактивна инвестициска опција. Ако решите да орочите парични средства на одреден временски период, постепено заштедата ќе Ви се зголемува. Колку е подолг периодот на кој ги орочувате Вашите парични средства на „чување“ во банката, толку е повисока каматата која ќе Ви ја исплати при подигнување на депозитот. Ова и понатаму останува проверено најсигурниот начин да ги инвестирате Вашите средства. Умната Депозитна Сметка на УНИБанка е продукт кој овозможува каматна стапка која прогресивно расте дури до 5%. Колку повеќе вложувате, толку повеќе добивате! Се разбира тука е и Депозитот Фикс со фиксна каматна стапка од дури до 3,9%.

Депозитите се осигурани во Фондот за осигурување депозити.

Преку УНИБанка може да инвестирате и во граѓанска обврзница, која исто така е сигурна можност за инвестирање.

Важно е да имате диверзификувано инвестиционо портфолио. И секако во животот не е важно само да се има цел, туку да се имаат и корисни информациие за да можеме да донесеме правилна одлука. На Вас е да одлучите!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.