Првиот човек на „Алкалоид“ Живко Мукаетов е рангиран на 38-то место во регионот според богатството. На листата од 100 најбогати лица во регионот што ја состави српскиот весник „Недељник“, Мукаетов со проценети над 650 милиони евра капитал се најде на 38-то место. Бизнисменот од Кавадарци Илија Гечев, е единствениот милијардер во Македонија и тој е рангиран на 18-тото место според богатството. На таа листа милијардери во регионот има само во Србија и во Хрватска, како и еден во Македонија (Гечев).

Инаку, „Недељник“’ на својата интернет страница денеска ја објави листата на најбогати лица од регионот рангирани од 31 – 40 место.

Листата од 100 најбогати е составена во соработка со медиуми од регионот, како и со две њујоршки консултантски куќи. Рангирањето не е создадено според пари кои ги имаат богатите, туку според вредноста на нивниот капитал и проценетата вредносте при евентуална продажба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.