Прв пат се фати за некаква работа Благој Бочварски и одма и утна. Она што се случува и што ќе се случува наредно е дека Бочварски ни на Артан Груби нема да му треба бидејќи Груби си ја зацрта својата работа и си ја реализираше преку неговиот потпис, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски на денешната собраниска седница.
Тој посочи дека во овој закон за урбанистичко планирање се прикриени и оние закони кои беа повлечени за шумите, земјоделското земјиште и културното наследство.
„Начинот на кој Благој Бочварски и Артан Груби сакаат да го протуркаат овој закон беше со наоѓањето на врвни експерти од делот на урбанизмот кој се нафатија да се потпишат на некој закон со кој се суспендира целата постапка за изградба или се суспендира она што важи законска регулатива за сите останати субјекти во Република Македонија“, рече Здравковски.
Здравковски е дециден дека злоупотребата на европското знаменце е нотирано многу пати од страна на европската комисија и власта не смееше ни да помисли да го направи тоа со европското знаменце.
„Од комората на овластени инженери и архитекти даваат препорака дека со кратењето на постапки истите стануваат нетранспарентни, а со преиначувањето на постапките се нарушува професионалниот пристап во планерскиот и инженерскиот дел“, кажа Здравковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.