ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, известува дека сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови, во врска со глобалниот ИТ прекин.

Не се соочуваме со прекини или технички проблеми на нашите системи. Факт е дека одредени авиокомпании се соочуваат со тешкотии со нивните системи, но ние презедовме мерки за овозможување на непречени операции на аеродромите. Сепак, ги советуваме и апелираме до сите патници да ги проверат и потврдат информациите за нивниот лет со авиокомпанијата или туристичката агенција преку која резервирале авиобиле“, се истакнува во официјалното соопштение.

Од таму додаваат дека сите аеродромски сектори се во состојба на подготвеност поради глобалниот ИТ прекин и се преземаат сите неопходни мерки за опслужување на нивните патници на најдобар можен начин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.