Започна исплата на субвенциите кон тутунарите, околу 20.000 следната недела ќеги добијат субвенциите. Решенијата за исплата на субвенциите на тутунарите за реколтата 2021 година се изготвени и проследени до министерството за финансии.

Кај околу 20.000 производители на тутун, веќе следната недела на своите сметки ќе легнат 1.3 милијарди денари директна поддршка за тутунопроизводството.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се грижи за секој земјоделец. Токму затоа апелиравме и инистиравме на брзо донесување на измените во Законот за земјоделство и рурален развој. Успеавме да ги убедиме пратениците едноголасно да ги усвојат измените во интерес на земјоделците.Со измените на законот создадовме и услови за авансна исплата на субвенциите од оваа година. За прв пат во 2022 година ќе се исплатат субвенции од програма од 2022 година.

Дополнително, Агенцијата за за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој започна со обработка на апликациите од јавниот повик за финансиска поддршка за набавка на опрема за производство и преработка на туутун, кој беше распишан преку програмата за Рурален развој за 2022 година. Пристигнати се 62 апликации за оваа мерка, а истата предвидува поддршка преку кофинансирање на инвестицијата од 4.500.000 денари по корисник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.