Во време кога граѓаните сѐ уште трпат големи последици од економската криза, а банките од година в година остваруваат огромни профити, од огромно значење е да се спречи секое дополнително финансиско оптоварување.
Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, откако лани го поднесовме со пратениците на ,,Левица” и не помина односно не дојде ниту на дискусија, денеска по втор пат го поднесуваме Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи. Наместо со интерна банкарска политика, доколку се усвојат овие измени и дополнувања, неоснованите трошоци ќе бидат регулирани со законско решение.
„Упатувам апел од оваа говорница до сите пратеници да нѐ поддржат и најбрзо што можат да го изгласаат овој предлог-закон, со единствена цел враќање на илјадници денари во џебот на граѓаните, изјави денеска претседателката Зајкова откако и официјално ги достави предлог измените во Собранието.
Според Зајкова, носењето на правилни законски решенија делува во функција на зголемувањето на финансиската моќ на граѓаните и преку овој предлог-закон ќе се ограничи слободата на банките неосновано да ги наплаќаат речиси сите нивни услуги.
„Граѓаните не се должни да ги богатат банките на нивна штета. Затоа, значењето за брзо носење на ова законско решение е огромно! Не смееме да дозволиме банките да наплаќаат надоместоци за затворање на платежна сметка, ниту пак надоместоци за затворање на дебитни или кредитни картички – банката е должна веднаш да ја затвори сметката на барање на граѓанинот“, појаснува Зајкова.
Дополнувањата и измените предвидуваат да доколку една сметка во банка е прогласена за неактивна од страна на банката, тогаш банката не смее понатаму да наплатува никакви надоместоци од таа сметка, паричните средства ќе бидат заштитени.
„Со измените на Законот за платежни услуги и платни системи се воведуваат уште неколку системски решенија – намалување цената за онлајн плаќања, проверка на состојба на трансакциска сметка на банкомат, намалена провизија за повлекување пари од банкомат на друга банка и така натаму. Доколку успееме заеднички да го донесеме Предлог-законот за платежни услуги и платни системи, речиси сите непотребни трошоци кои ги имаат граѓаните за банкарски услуги ќе заминат во минатото и парите повторно ќе се вратат во нивните џебови“, заклучува претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието на РСМ, Моника Зајкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.