Владата под раководство на Димитар Ковачевски заслужува комплименти за справување со енергетската криза, оцени поранешниот премиер Зоран Заев, на денешната панел-дискусија на тема „Енергетска и инфлаторна криза“ во тетово, организирана од Студентскиот парламент и студентската асоцијација на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Сега како човек од деловниот свет, тој смета дека Владата добро се справува со кризата и се произведува енергија во максимално можни граници.
Дожност ми е да дадам мислење од искуството како мене и поранешни министри и премиери се прашуваат. Можам да изразам комплименти заради тоа што еве како поранешен премиер кој заврши пред некој десет месеци можев да се кладам дека тешко ТЕЦ Неготино ќе го стават во функција. Но, еве ги двете турбини работат, Осломеј работи, двата блока во Битола работат, работи гасната електрана ТЕ-ТО во Скопје која што ја зеде државата, која е приватна ама ја управува државата, Когел работи, максимално се произведува енергија, изјави Зоран Заев.
Негова сугестија е да продолжи што е можно повеќе да се инвестира во сопствените избори на енергија. Тој рече дека како премиер сега би направил уште повеќе инвестиции во енергетиката само да има колку што може производство оти најсигурна и најстабилна енергија е домашната енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.