Продолжуваат во владата „хероите” со „херојските дела“ во енергетиката. Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање. За само 3 дена од 5 до 7 декември, ЕСМ ќе увезе струја во вредност од околу 4.200.000€, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

За само еден месец, од 7 ноември до 7 декември „хероите” во владата увезоа струја за точно 32.955.084 € или за повеќе од 1 милион € на ден.

Доколку работеше ЕСМ како што најавуваа „хероите” во владата со трите блока во Битола и едниот блок во Осломеј, или ако трансформаторот во Битола стигнеше како што најавуваа на 1ви Ноември, овие пари немаше да се потрошат на увоз на струја. Ќе имаше повеќе за студентски оброк, за земјоделците, ќе имаше повеќе за градинки, улици, паркови и училишта.

Наместо да произведуваат, увезуваат за авансни „херојски” провизии. Доаѓа денот на одговорност кога „херојските” авансни провизии ќе ви бидат претешки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.