Криминалот и тендерите во 4 очи изминативе 5 години во енергетскиот систем од антимакедонската СДСМ ја доведоа државата во целосен колапс, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија причина за ваквата состојба е тоа што партијата на власт не ги послушала апелите од бизнис секторот, но и од ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа владата на СДС ќе треба да издвои над 500 милиони евра за граѓаните и бизнис секторот ја преживеат само оваа зима. Не како што тврди Ковачевски и неспособните министри од неговата влада 300 милиони, туку минимум 500 милиони евра за да ја поминеме оваа година. Доколку владата навремено набавеше или ископаше јаглен, РЕК Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино ќе можеа да работат во полн капацитет и до покачување на цената пред 2 месеца немаше да дојде. Но оваа влада е најнеспособната во историјата на државата.
Но оваа енергетска криза за многу брзо ќе прерасне и во економска криза, па затоа наредните 2 години за справување со последиците ќе бидат потребни над 2.5 милијарди евра, предупредува опозициската партија.
За скопјани да ја поминат оваа зима со затоплување ќе бидат потребни над 250 милиони евра за набавка на гас или мазут, бидејќи сеуште нема набавено гас за грејната сезона. До крајот на оваа година државата треба да исплати државна обврзница од 450 милиони евра, а буџетскиот дефицитит оваа година владата ќе го заокружи на 350 милиони евра. А ниту глас, ниту траг од долгонајавуваниот заем од ММФ од 900 милиони евра за државата со повластена каматна стапка.
Целосен крах во справувањето со енергетската криза, а пари во Буџетот нема.
Антимакедонската СДС абер нема од мерки кон стопанството за да можат да ја преживеат оваа година. Заради високата цена на електричната енергија веќе клуч на врата стави рудникот во Радовиш, а најава за истото има и од рудниците во Пробиштип, Македонска Каменица и Крива Паланка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.