Немањето на стратегија за рударството и енергетиката како клучен сегмент за секоја држава, и погрешните политики во оваа област нанесоа голема штета како на државата воопшто, така и на граѓаните. Дополнително, како што низ годините коментираат експертите од оваа област, политиките кои ги води Владата за овој сегмент се дневни, без никаква визија. Ова води кон потребата за формирање на посебно министерството, посебна институција која ќе се занимава со оваа област.

Формирање на истото најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот настан „Важно е! Платформа за иднина“. Мицкоски укажа дека партијата има визија за тоа како да функционира овој сегмент во иднина, дополнително поради важноста на истиот рече дека партијата на маса ќе го стави и ова прашање со коалициските партнери. Според Мицкоски области како енергетика, рударство и минерални суровини не можат да бидат организирани на ниво на одделение или сектор во Министерството за економија.

Тие треба да бидат дел од посебно министерство. Ова ќе биде и услов за следно коалицирање, рече Мицкоски на вчерашниот настан.

СДСМ во изминатите две три години, години на енергетска криза како 2021 и 2022 година во јавноста излегуваше само со лаги. Во годините на енергетска криза се остана на ниво на лажни ветувања. На почетокот на минатата годината или во јануари 2022 година од СДСМ која ја предводи Владата велеа дека во услови на глобална енергетска криза Владата, институциите предводени од СДСМ преземаат мерки за справување со истата како и за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството.

Инаку тоа беше период кога ширум светот растеше цената на електричната енергија и природниот гас, како за домаќинствата така и за стопанството. Колку за илустрација, најизразено е поскапувањето на цената на струјата во Турција која за домаќинствата е поскапена за 50 отсто, додека за компаниите и до 125 отсто. Во Италија цената на струјата за домаќинствата е поскапена за 55 отсто, додека цената на природниот гас се зголемува за 41 отсто.

Тогаш од СДСМ се фалеа дека со навремена интервенција Владата е успеано да се спречи енормен раст на цената на електричната енергија и оти истата поскапува за околу 10 проценти.

Но, која беше реалната слика во 2022 година во Македонија?

Вестите беа дека скапата струја го затвора големиот бизнис. Поради кризата загрозени беа скоро сите комбинати кои набавуваат струја на слободниот пазар. Компанијата Еуроникел Индустри, која управува со фабриката за преработка на никел во Кавадарци (ФЕНИ), во септември минатата година ги имаше угасено печките, а голем дел од вработените прати на принуден одмор кој траеше до 15 декември 2022 година. Во тој период поради високата цена на струјата од почетокот на септември минатата година и рудникот за бакар „Боров Дол“, поранешен Бучим од Радовиш, беше во застој каде исто така работниците се пратени на принуден одмор.

Кон крајот на септември 2022 година, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека Владата во тој период „имала панична реакција како резултат на предлогот на опозициската партија за тоа како да се ублажат последиците од енергетската криза“. Планот кој го презентираше минатата година ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија и топлина за граѓаните и индустријата предвидуваше во функција да бидат сите капацитети без да има затворање на фирмите и праќање на вработените на принуден одмор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.