Премиерот Христијан Мицкоски очекува во втората половина од идната недела да се одржи состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем. Тој, како што изјави денеска, ќе настојува да присуствува на состанокот „за да го каже тоа што мисли дека треба да го каже“.

Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на три делници кај Велес, Мицкоски нагласи дека компаниите нема да имаат поголем трошок од оној што веќе бил кажан.

Компаниите нема да имаат поголем трошок од тој што го кажавме. Министерката е на пат за Скопје, денеска се враќа од Брисел каде имаше серија состаноци. Но, важно е да се каже дека откако ќе дојде, очекувам во текот на следната недела, во втората половина, да имаме состанок со Македонската банкарска асоцијација. Ќе инсистирам и јас да бидам таму, да го кажам тоа што мислам дека треба да го кажам – рече Мицкоски.

Пред три дена, премиерот во изјава за медиумите рече дека парите од унгарскиот заем се стигнати, но уште се преговара со комерцијалните банки околу тоа каква би била обврската на државата кон нив. Домашните компании тогаш ќе ги добијат средствата под истите услови под кои беа земени, подвлече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.