Во првите два месеца од годинава од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 75,047 милијарди денари или 1,216 милијарди евра што е зголемување за 13,5 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Во истиот период во земјава се увезени стоки во вредност од 110,32 милијарди денари или 1,788 милијарди евра, односно за 30,6 отсто повеќе отколку за првите два месеца од 2021 година.

Трговскиот дефицит, во првите два месеца од 2022 година изнесува 35,273 милијарди денари или 571,76 милиони евра, а покриеноста на увозот со извоз е 68 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учеството во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1. Во увозот, пак, најмногу се застапени електричната енергија, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и платината и легурите на платина, необработени или во прав.

Во првите два месеца од годинава земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.