АД ЕСМ во изминатото деноноќие произвело 12.590 мегават-часови електрична енергија која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и за потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.

Од вкупното количество електрична енергија, во термоелектраните се произведени 7509 мегават-часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5081 мегават-часови електрична енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.