Цените на угостителските услуги во декември во споредба со ноември 2023 година, се зголемени за 0.5 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари – декември 2023 година, пак, во однос на истиот период од претходната година, цените пораснале за 9.8 %, додека во однос на декември 2022 година, се зголемени за 4.3 %.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.5 % и Алкохолни пијалаци за 1.4 %.
Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.5 %.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.