Комисијата за заштита на конкуренцијата на 9 јуни ја објави информацијата за добиено известување дека бизнис центарот Соравиа се продава на „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската компанија „Пе-вла-ку ШПК“.
Дрин Ахмети, внук од братот на Али Ахмети, Фекри, од 2020 година е сопственик на компанијата за развој на градежни проекти „Тор индустрис“. Од известувањето на КЗК може да се види дека сите три компании, „Тор индистрис“, подружницата на „Пе-вла-ку“ во Македонија и „Соравиа инвест“, сопственикот на бизнис центарот, се регистрирани на иста адреса, на улицата „Филип Втори Македонски“ број 3., пишува „МКД.мк“.
Дрин Ахмети е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас. Оваа фирма добила пет тендери во вкупна вредност од 8 милиони денари. Негов партнер во оваа фирма бил и Бесин Ахмети, неговиот брат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.