Од ВМРО- ДПМНЕ со реакцијата на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
-Според прес конференцијата на Кузеска се добива впечаток дека СДС уште ги држи прославата од Нова Година. Стандардот на граѓаните поради лошите политики на СДС е паднат на најниско ниво. Платите и пензиите ја изгубија трката со цените. Тоа што можело да се купи со илјада денари, денес не може да се купи со две илјади. Македонија се соочува со највисока инфлација во регионот и една од највисоките во Европа. Во светот сме меѓу првите земји по раст на цените за храна. Тоа значи дека нашите граѓани најбрзо и најмногу осиромашуваат во споредба со другите, реагираат од партијата.
-Според странските инвестиции сме на дното во регионот, односно и Косово и Албанија и Србија имаат двојно, па и тројно повеќе странски инвеститори од нас. Иста е сликата и во домашната економија. Според извештајот на Светска Банка, Македонија ќе ја заврши 2022 година со раст на БДП кој е најлош во регионот и еден од најлошите во Европа, односно од нас полошо ќе поминат само Русија и Украина кои се во војна. Поради НЕуспешните економски политика огромен број од младите сакаат да ја напуштат Македонија. Ете тоа е резултатот на власта на СДС и ДУИ. Тоа мора да престане. Власта мора да се промени, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.