Потрошувачката кошничка е намалена, пензиите се зголемија за 2500 денари, растат и платите, а со СДС се стагнираше. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја стабилизираше инфлацијата, која сега се движи меѓу 2 и 2.5%, во време на СДС стапките беа и двоцифрени во време кога во Европа беа едноцифрени. Пензиите пораснаа за 2500 денари, а од следната година ќе пораснат уште за 2500 денари. Куповната моќ на пензионерите е зголемена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со владата на ВМРО-ДПМНЕ растат и платите, се постигна договор за раст на платите во образованието. Раст на плати ќе има секаде и тој ќе биде реален, не како со СДС фиктивен. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи за целосно подобрување на стандардот на граѓаните. Изминатиов период ги саниравме лошите последици од владеењето на СДС. Следуваат подобри денови за Македонската економија од тоа што беше пракса во време на СДС, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.