Деновиве, во мноштвото несреќи и скандали кои веќе е „морничаво“ да ги коментираме, без срам или одговорност од страна на „експертите’’ во енергетиката, Владата во заминување ја забавува јавноста со пуштање во работа на БЛОК 3 кој претходно самите го запалија, претставувајќи ја катастрофата која ја предизвикаа пред 400 дена, како триумфална победа што чиниш отворија нуклеарна централа или некој од ГОЛЕМИТЕ инвестиции кои ги ветуваа!, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.
Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ нормално беше да работат трите блока во РЕК Битола, без фалби и сликање за нешто што е нормално.
Освен фактот дека за период од 2 години имаме 50 % зголемена струја кај домаќинствата и за 4 пати поскапа струја кај малите потрошувачи, се наоѓаме во енергетска криза која е резулатат на „успехот“ на СДС во енергетиката.
Колкави се загубите на ЕСМ поради неработењето на блок 3 во изминатиот период поради експлозијата во трансформаторот која што сами ја предизвикаа во изминатиот период:
Ако се земе дека БЛОК 3 би работел со средна снага од 150 MW, тогаш загубата на енергија е 1.314.000 MWh на годишно ниво
Ако се земе просечна цена на увезена електрична енергија од ЕСМ од 250 евра/MWh добиваме загуба од 328.500.000 евра
Доколку работеше блок 3, ЕСМ немаше воопшто да има потреба од увоз на електрична енергија и немаше да бидат потрошени од буџетот 215 милиони евра.
Да не беше тажно, ќе беше смешно. Но, за жал сметката од овие самонаречени експерти кои ја уништија македонската енергетика на крај ќе ја платат граѓаните со двојно повисока цена на електрична енергија во ефтина тарифа почнувајќи од месец јануари.
Хармоникаш, кој несреќно бил поставен за директор на РЕК кој исто така претходно кратко бил на позицијата директор на термоелектраната Битола, и тоа во периодот кога се случува оваа сериозна хаварија на енергетски трансформатор како награда за НАЈКАТАСТРОФАЛНАТА година во постоењето на Термоелктрани Битола со речиси преполовено производство од пред пет години, го унапредија во директор на РЕК Битола. Неговото вкупно искуство воопшто во енергетскиот сектор, односно во РЕК Битола е неколку години. За почеток овој лик мора да одговори зошто од позиција директор на термоелектрана Битола, дозволил пуштање на работа на трансформатор, за кој во јавноста дознавме дека и претходно бил во дефект и дека стручните служби укажале на „постоење висок ризик од пробивање на проводен изолатор“? Се разбира ако знае за што го прашуваме!
Експертот Ковачевски, директорот на Електрани на Македонија, долгогодишен политичар – раскажувач на бајки кој својата кариера ја изгради на поставувањето на филтри за РЕК Битола, веднаш со седнувањето во директорското столче заборави на филтрите. Но, откако стана пријател со кланот моќници од Муртино, па бизнисот со механизација во РЕК Битола го усоврши и само за пет години преку договори во четири очи се испумпани неверојатни 200 милиони евра!
Наместо да се уништуваше РЕК Битола и да се планира нејзино затворање, доволно беше само да се заменат филтрите и да се реши проблемот со загадувањето. Исто така, наместо да се исцрпуваше комбинатот со партиски вработувања, криминални тендери и недомаќинско работење, ние требаше да градиме други производни капацитети за електрична енергија, а во исто време да се мисли на отворање на нови рудници на јаглен во околината на комбинатот, токму за вакви тешки времиња. Наместо да увезуваат поскап јаглен, можеа да го реализираат проектот за отворање на рудникот Живојно. На тој начин ќе ја спасеа домашната кревка економија од пропаст, бидејќи во вакви ситуации како што е сегашната е посебно важно да функционира домашното производство на електрична енергија.
На јавноста и се продава филм за транзиција на производството на електрична енергија, а после неколку месеци се фалат со активирање на капацитетите кои едвај успеваат да ги одржат во кондиција од неколку дена ..
Под плаштот на таа транзицијата на производството на енергија од јаглен кон обновливи извори, СДС прави транзиција на капиталот на државата во рацете на сопствената олигархија, исто како што 90-тите се правеше транзиција на општествениот капитал, а новите олигарси се синовите и ќерките на Заеви, сопругата и кумот на премиерот, екс вицепремиерот и целокупната бизнис структура од СДС.
Одговорност за ваквото расипничко однесување кон енергетиката и државата мора да има!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.