Манипулациите на СДС кај земјоделците не поминуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Земјоделците вчерашната одлука на владина седница ја поздравија.

Грижата за земјоделците од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ им пречи на СДС, па затоа мора да реагираат со соопштение полно со лаги и невистини.

Согласно официјалните податоци на веб страната на Земјоделскиот Пазарен информативен систем (ЗПИС) просечна откупна цена на пченицата во период од 01.01.2023 – 31.12.2023 година изнесувала 11,34 денари.

Производството на пченицата секоја година додека СДС беше на власт се намалуваше.

Денеска откупот на пченицата се одвива во нормален тек, за квалитетна пченица откупните центри плаќаат 12 денари за килограм.

Владата на СДС креираше мерка за производители на јачмен да им биде исплатено 6.000 денари по хектар, додека Владата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница предвиде поддршката на земјоделците кои што одгледуваат јачмен да не изнесува 6.000 туку 12.000 денари по хектар.

Лицемерието на СДС земјоделците го прочитаа и затоа ги казнија на изборите“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.