Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ има дека ќе биде формирано министерство за енергетика кое ќе вработи стручни кадри и кои ќе се занимаваат сериозно, ќе направат стратегија и ревидирање на се што е досега направено и да почнеме да се стремиме кон тоа Македонија веќе да не биде увозник на електрична енергија, за почеток сами да си ги задоволиме потребите за електрична енергија“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Сања Божиновска на денешната трибина Енергетска платформа за иднина во Битола на тема „Концепт за инвестиции во енергетиката“.

Таа додаде дека на Македонија потребно и базна енергија и треба да се балансира системот.

Енергетика е нешто што се планира, не е нешто што од денес за утре ниту за неколку месеци, туку тоа е потребно долгорочно да се планира, што значи дека треба да се направи стратегија. Од тука тој збор стратегија е добро искористен од владата претходна само на хартија, во јануари 2020-та година беше донесе закон за стратешки инвестиции. За мало населено место треба да е 50 милиони евра инвестиција, за голем град над 100 милиони евра инвестиција и треба да донесе многу бенефиции за животот на граѓаните да се зголеми извозот и економски бенефити“, кажа Божиновска.

Таа истакна дека згора на се за грчката централа, Македонија од свои пари, значи од граѓаните треба да и даде неповратни 50 милиони евра, тоа не е заем туку и дава 50 милиони евра што значи дека сите се овие странски компании имаат неверојатни бенефиции.

Досега има 11 такви стратешки инвестиции донесени и еве ние веќе сме 2 месеци пред избори, но ниедна стратешка инвестиција не е донесена, зошто? Секој ден последните 2 недели слушаме за последните 4 стратешки инвестиции како тие се добри за Македонија, како ќе имаме почист воздух во Скопје и останато, меѓутоа што е важно? Сите овие инвестиции добиваат невидени бенефиции, прво земјиштето го добиваат за 0,1 евро и го добиваат на 25 до 30 години“, посочи Божиновска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.