Државата е немоќна да го ублажи ценовниот шок. И покрај замрзнатите маржи, основните производи во маркетите секојдневно поскапуваат. Министерот за земјоделство уверува – храна ќе има доволно, ама не знаеме колку ќе поскапи. На сточарите им даде ветување дека до нова година ќе им бидат исплатени сите субвенции, пренесува „Сител“.
Николовски потенцира дека националниот план кој го подготви министерството треба уште повеќе да не направи увозно независни со тоа што ќе се зголеми земјоделското производство и истото, преку низа мерки, ќе остане дома.
Во меѓувреме, производителите на масло за јадење велат дека сончоглед засега нема да се увезува. Производството е двојно зголемено за разлика од лани, а земјоделците на време ќе ги добијат своите пари. Според нивните прогнози, цената на маслото нема да се менува до пролет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.