Премиер, вицепремиер и министри, пет години по престанување на функцијата, како и нивните брачни другари и роднини по прва линија, да не смеат да бидат основачи или дел од раководни структури на компании поврзани со енергетска дејност или да бараат лиценци за оваа дејност.

Со овој амандман, кој требаше да се однесува и за претседател и член на орган на управување и надзор во претпријатија основани од државата, од областа на енергетиката, ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да издејствуваат, злоупотребите на функционерите во енергетскиот сектор, да се ограничат со закон.

Министерот за економија го одби амандманот со образложение дека ова прашање е веќе регулирано.

Пратеникот Милошоски предложи и амандман со кој побара, во законот да се стави дека на одредени категории им е загарантирана помош во услови на енергетска криза или вонредна состојба, но и овој амандман беше одбиен.

Пратениците од оваа комисија пред себе имаат закон на кој се предложени измени, дополнувања и усогласувања во 97, од 232 члена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.