Во која тоа држава од ЕУ, сопругата на премиерот влегува во бизнис со струја (во време кога електричната енергија е најскапа) – и тој останува ПРЕМИЕР!?, прашува лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, по веста дека Елена Ковачевска, сопруга на премиерот Димитар Ковачевски, влегува во бизнисот со производство на електрична енергија како една од петте сопственици на компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје“, која планира да гради енергетски капацитет со моќност од 1.8 мегавати во радовишкото село Раклиш.

Ах, бре, пратеници-мајмуни од СДС на Нашата Земја. Што уште треба да дознаете, за да и откажете послушност на оваа октроирана антинародна Влада?, пишува Апасиев барајќи одговорност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.