Владата попладнево донесе одлуката за замрзнување на цените на дел од хигиенските производ. Дека ќе биде донесена ваква одлука денеска најави министерот за економија Крешник Бектеши. Според владиното соопштение испратено до медиумите станува збор за цената на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни и хигиенските влошки. Нивните цени треба да паднат за 13 отсто.
„Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 20 март 2023 година во трговијата на мало, коишто цени, според одлуката, се намалуваат за 13 проценти. Највисоките цени на производите од оваа одлука ќе се применуваат до 31 мај 2023 година, а одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во ’Службен весник на Република Cеверна Македонија‘“, се огласија од Влада по завршувањето на денешната седница.
Ваквата одлука владата ја носи согласно ставот 1 членот 29 од Законот за трговија кој овозможува Владата привремено да го ограничи вршењето на трговијата во случај на нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одредени производи и стоки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.